Испечати

Меки погачици со фил од спанаќ, праз, урда и сланина

Меки погачици со фил од спанаќ, праз, урда и сланина

Состојки

  • Тесто
  • 20 гр свеж квасец
  • 1/2 лажиче шеќер
  • 1/2 лажиче сол
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 мало јајце
  • 80 мл кисела вода
  • 80 мл топло млеко
  • 300 гр брашно
  • Фил
  • 1-2 лажици масло
  • 1 страк праз
  • 120 гр сланина
  • 120 гр урда
  • 1 грст спанаќ
  • 1 јајце
  • сол и бибер по вкус
  • сусам за одозгора

Подготовка

Многу успешен експеримент од мојата кујна ви презентирам денес.

Прво во вангличка го ставаме квасецот, шеќерот, топлото млеко и лажиче брашно.
Промешуваме и оставаме 5 минути да се активира.
Потоа додаваме сол, кисела вода, јајце и маслиново масло.
Додаваме брашно и месиме за да добиеме мазно и нелепливо тесто.
Врз тестото танко премачкуваме некоја капка масло.
Го покриваме со прозирна фолија и го оставаме 30 минути.
Тестото го делиме на 12 топчиња.
Секое топче го сместуваме во формата за печење.
Кај мене беше калапот со четвртасти форми.
За филот, на загреано масло го пржиме празот, ја додаваме сланината сецкана на коцки, па сецканиот спанаќ да омекни.
Зачинуваме и тргаме од оган.
Додаваме јајце и урда.
Соединуваме убаво.
Со овој фил ги полниме веќе формираните кошнички од тесто.
Наросуваме сусам.
Одма печиме во загреана релна на 200 степени околу 20 минути.
Сервираме топли.