Испечати

Ванилици со локум и орев

Ванилици со локум и орев

Состојки

  • 250 гр маргарин
  • 250 гр свинска маст
  • 2 јајца
  • 2 ванили
  • 150 гр шеќер
  • 5 гр пециво
  • 1 лажица рум
  • 100 гр потпечени и сецкани ореви
  • 200 гр локум на Дониа со ореви - сецкан
  • 1 кг брашно
  • За валкање
  • 200 гр шеќер во прав
  • 1 ванила

Подготовка

Традиција...кафе, локум, ванилици....уживање во сето тоа ...))))

Маргаринот и свинската маст се матат со миксер, пенесто.
Се додаваат јајцата едно по едно, матејќи.
Се додаваат шеќерите.
На ред се локумчињата и оревчињата.
Потоа румот, пецивото, брашното.
Се меси убаво тестото, убаво да се изработи. За полесно го поделив на два дела.
Кога е измесено, се формираат ваљаци, се завиткуваат во прозирна фолија и се става тестото во фрижидер да одмори 1 час.
После тоа време на набрашнета подлога се отвора кора со дебелина од 1 цм..
Со калап се вадат форми и се ставаат во плех на хартија.
Остатокот се премесува и се прават форми додека се потроши.
Се печат во загреана рерна (5 мин. на 200) за време од околу 25 мин. на 150 степени.Треба да останат бели одгоре, а долните ивици да поруменат.
Малку да здивнат и топли се валкаат во шеќер во прав замирисан со ванила.
Уживајте!