Испечати

Интегрални кекси

Интегрални кекси

Состојки

  • 1 јајце
  • 2 лажици мед
  • 1 лажица кафен шеќер
  • 1 лажица какао
  • 1 лажица мелен орев
  • 4 лажици рогач
  • 4 лажици интегрално спелтино брашно
  • 4 лажици интегрално пченично брашно
  • 60гр растопен путер
  • 1/2 лажиче пециво
  • 1/4 лажиче сода бикарбона
  • 1 лажиче мешавина на мускантни зачини- цимет, кардамом, морско оревче,каранфилче, ѓумбир....или мешавина на зачини за медењаци
  • 100-150гр црно чоколадо за декорација
  • 2 лажици масло
  • Чоко трошки за декорација
  • Мармалад од лимон

Подготовка

Ова се кекси кои наликуваат на оние Божиќните, празничните, ....кои го полнат домот со прекрасна арома..... Одлични за со поладневно кафе. Во еден сад ги соединуваме јајцето, медот, шеќерот и ванилата. Го додаваме и растопениот и изладен путер. Потоа ги додаваме сите суви состојки. Ако има потреба, се во зависност од брашното кое ќе го користите додаваме 1-2 лажици млеко. Значи замесуваме мазно, цврсто тесто, кое го покриваме во прозирна фолија и го оставаме во фрижидер 30 минути. Потоа сучиме кора и со модли по сопствен вкус вадиме фигури. Ги редиме во ненамастен плех и ги печиме од 10-12 минути, внимаваме да не изгорат поради темната боја. Оставаме на кујнска решетка да се изладат. Потоа малите коцкички јас ги спојував со мармалад од лимон, за нота на свежина да внесам, краевите ги потопував во растопено чоколадо и нежно декорирав со шарени трошки. Цветчињата само ги потопував до пола во растопено чоколадо и декорирав. Така подготвените колачи нека одстојат 20 минути врз лист хартија за печење, за да се стегни глазурата, па ги сервираме