Чоко алва колач со банана (без печење)
Состојки
- 180 гр бисквити
- 100 гр алва Дониа
- 50 гр чоколадо
- 1 банана
- 125 мл кисела вода
- 40 гр шлаг во пра
Подготовка
Мммм....Не знам што да кажам, превкусно!
Прекрасно слатко задоволство ќе си вкусите ако си го направите овој лесен колач. А за подготовка не ви требаат повеќе од 5 минути...
Подготовка
1. Шлагот во прав го матиме со киселата вода додека да се згусне.
2. Бисквитите ги мелеме и ги додаваме кон шлагот, па додаваме рендано чоколадо и здробената алва.
3. Соединуваме и половина од смесата ја распоредуваме во калап, обложен со најлонска фолија.
4. Во средина ја ставаме излупената банана и потоа го додаваме вториот дел од смесата.
5. Измазнуваме и го оставаме во фрижидер да се стегне.
Забелешка
Калапот може да ви е силиконски, а ако не е, обложете го со најлонска фолија за да не ви се залепи смесата.