Корали од алва и кикиритки
Состојки
- 150 гр крем
- 100 гр чоколада
- 100 гр алва Дониа
- 100 гр кикиритки цели
Подготовка
Се топи чоколадата заедно со кремот на тивок оган.
Се додаваат цели кикиритки и алвата ситно издробена. Се' се меша заедно и се става во хартиени корпички. Прелесни за правење, а поубави за јадење...