Испечати

Ролат во сланина

Ролат во сланина

Подготовка

Прво го миеме спанаќот, го обаруваме во солена вода и го оставаме да се исцеди. Пилешкиот стек го посолуваме и го пржиме од двете страни. Долгнавест калап обложуваме со листови тенко сечена сланина. Најдолу ставаме цели парчиња шунка сечени подебело. Потоа ставаме парчиња кашкавал, исто сечени на подебело. Врз кашкавалот го ставаме исцедениот спанаќ. Пак кашкавал, па парчињата пилешки стек. Врз него повторно кашкавал. Завршуваме со парчиња шунка. Ролатот го затвораме со листовите сланина.
Ролатот го запекуваме околу 20 минути на 180 степени. Го вадиме од рерната и го оставаме малку да олади. Го превртуваме на чинија за служење и сега може да се сечат парчиња и да се дегустира.
На здравје.