Испечати

Селско месо со сланина

Селско месо со сланина

Состојки

  • 600 гр свинско месо бут
  • 300 гр сланина
  • 1 главица кромид
  • 300 гр печурки (шампињони или вргањ, лисичарка...)
  • 8 суви пиперки
  • 50 гр путер
  • Прелив (по желба)
  • 2 јајца
  • 3 лаж. кисела павлака
  • 150 гр кашкавал

Подготовка

Секој готвач или домаќинка си го приготвува селското месо на свој начин. Сум пробала на повеќе места селско и секаде е различно, но секогаш било многу многу вкусно. Мислам дека секој кој приготвува селско оддава од дел својот карактер, од љубовта кон готвењето и ете како едно просто јадење со најобични продукти, секој си го претовора во свој специјалитет. Ова е моето селско месо и се надевам дека ќе ви се допадне... Па да започнам...

1. Чадената сланина се сечи подебели коцки и се става во тава добро да се пропржи. Се пржи додека не порумени и да испушти маснотија во тавата, а потоа се префрла во тавчето за печење.
2. Кромидот се сечи на покрупни парчиња (јас го сечам како полумесечинки) и се става во тавата во која предходно се пржела сланината да се омекни. За да го убрзам времето на омекнување јас малку и го посолувам.
3. Во тавата со омекнатиот кромид се додава месото предходно исечкано на коцки, малку да се пропржи (околу 1 минута) па се додава околу 100мл. вода и се покрива со капак да се динста. Месото треба да се динста додека не се добие малку густа течност налик на сос... околу 20 минути.
4. На сувите пиперки им се одстануваат дршките и семкте и се додаваат во месото, малку пред крајот на динстањето, да се хидрираат и да примат од вкусот на месото. По динстањето се се истура во тавчето со сланината.
5. Во тавата за пржење се става путерот да се растопи и се ставаат печурките да се пропжат со малку сол. Во зависност од печурките времето на готвење може да биде од 5 до 10 минути, па и тие се тураат во тавата за печење и се се меша.
6. Селското месо се печи околу 15 минути на темепература од 200 степени.

По желба можете да додадете и прилив. Јас преливот го правам со матење на јајцата заедно со киселата павлака и додавам нарендан кашкавал. (Особено вкусно би било доколку сте во можност додадете квалитетен овчи кашакавал ). Заедно со преливот се печи уште 5-6 минути на темепература од 150 степени. Преливот треба да е течен.

Рецептот одзема време, ама вкусот за мене е неопислив. Комбинацијата чадена сланина печурки и месо, толку едноставни состојки, но симфонијата на вкусови кои ја даваат треба само да проба.

Тоа е мојот рецепт, нека ви е на здравје !

п.с мора да напоменам дека освен сол не користев никаков друг зачин....