Бисквити со оризово брашно и јаворов сируп (без глутен)
Состојки
- 1 јајце
- 90мл. јаворов сируп
- 60мл. маслиново масло
- 160гр. оризово брашно
- 90гр. компиров скроб
- 1/4 лажич пециво
- 1 лажиче ванила
Подготовка
Во сад ставете ги јајцето, јаворовиот сируп и маслото. Измешајте убаво со вилушка. Додајте ги просеаното брашно, скроб, пециво и ванилата. Замесете тесто. Ако има потреба додадете уште сосема малку брашно. Месете кратко, бидејќи со многу месење ќе се стврди многу тестото додека стои во фрижидер. Покријте го садот со најлонска фолија и оставете да отстои во фрижидер 30 минути. Меѓу 2 листа хартија за печење расукајте го тестото во кора. Со калапчиња вадете форми по желба и редете ги во плех обложен со хартија за печење. Печете на 170 степени, 10-15 минути. Јас ги печев 13 минути. Забелешка Ако мислите дека ќе ви бидат јаки на вкус заради маслиновото масло, можете да ги направите со кокосово масло, оризово или обично сончогледово масло. Исто јаворовиот сируп може да го замените со мед. Бидејќи јаворовиот сируп е малку потечен од медот може ќе ви притреба малку повеќе брашно( значи малку, додавајте по потреба да не ви дојде многу тврдо тестото). Исто ги имам правено со додавање на какао наместо ванила(види дополнителни слики). Следен пат ќе си додадам цимет. А може да си додадете ароми по желба(портокал, лимон, бадем...). Многу се ровки и вкусни, особено може да им се најде на оние кои се алергични на глутен.