Малиџано со зелени пиперки, модар и црвен патилиџан
Состојки
- 15 кг. црвени и зелени пиперки за ајвар-ками
- 2 кг. црвени домати
- 10 парчиња црни домати
- 2 л. масло
- 2 финџалчиња мали, кафени шеќер
- 1 финџалче винска киселина
- 3-4 лажици сенф
- по вкус сол
Подготовка
Време на зимници... Пиперките се печат, се лупат, чистат од семките, се оставаат преку ноќ да се цедат. Другиот ден се мелат на машина. Црвените домати се печат во рерна, па се мелат или убаво пасираат. Исто и црните домати се печат во рерна, се лупат, се мелат на машина и се цедат преку ноќ. Наредниот ден во шерпа се става маслото, шеќерот, киселината и прво малку сол, понатаму се додава уште по вкус. Сето тоа убаво да се растопи и зоврие. Се додаваат црвените домати, се меша, да повари како салца. На ред се пиперките. Постојано се меша и се вари, пржи. По пола саат се додаваат црните домати. Цело време убаво се меша, за убаво да се соединат сите состојки и испржат. Внимавајте повеќе прска од ајварот. Понатаму е исто како ајварот, се пржи додека се добие густина. Пред 10- на минути при крај се додава сенфот. Убаво се меша. Цело време на убав јак оган се работи. Се собира жешко во жешки тегли. Се завиткува во старо ќебе, така да излади, да се вакумираат теглите. Па се остава кај другата зимница. На здравје! п.с. Можи да се подготви и само со црвени пиперки. Јас годинава ги измешав. Ставив и лути пиерчиња.