Испечати

Брза торта со готов пандишпан (без печење)

Брза торта со готов пандишпан (без печење)

Состојки

  • 350 гр. пандишпан во парчиња од Винчини
  • 500 мл. млеко
  • 6 лажици шеќер
  • 2 ќесички пудинг од чоколадо
  • 100 гр. чоколадо (црно)
  • 100 гр. маргарин
  • 200 гр. лешници (сечкани)
  • 150 гр. желе коцки
  • за премачкување
  • 100 гр. шлаг пена во прав
  • 150 мл. млеко (ладно)

Подготовка

Еве од мене одличен предлог за вкусна тортичка во која користев готов пандишпан во парчиња од Винчини, која се подготвува доста брзо. 1. Желе коцките ги сечиме на мали коцкички, лешниците ги сечкаме во сечко. Јас имам домашни лешници кои ги потпеков на рингла, ги ставив во хартиена ќеса, а потоа ги протривав во крпа за да испаднат лушпите. Потпечени, лешниците имаат многу поубав вкус. 2. Готовите парчиња пандишпан ги ставаме во сад заедно со лешниците и желето. 3. Пудинзите ги мешаме со шеќерот, од млекото одземаме малку да се раствори пудингот, остатокот млеко го загреваме и вариме пудинг. 4. При варењето на пудингот постојано мешаме со жица, а штом ќе се згусни го тргаме настрана и во него го ставаме чоколадото и маргаринот, мешајќи додека да се стопат. 5. Оваа смеса ја истураме во садот со пандишпанот и со лажица мешаме сето да се соедини убаво. 6. Калап со форма по избор обложуваме со најлонска фолија или ќеса, и во него ја распоредуваме смесата. Јас ја користев малата ростер тава заради правоаголната форма, при што нејзините димензии се сосем соодветни на количината на смесата. Може да се користи и некој округол калап, модла за леб или нешто друго по желба. 7. Штом се излади, тортата ја ставаме во фрижидер да се стегне малку, а потоа ја превртуваме на подлога соодветна на формата што сме ја направиле и ја вадиме најлонската фолија или ќеса. Го матиме шлагот со млекото и украсуваме по желба. Готовиот пандишпан на Винчини во парчиња има прекрасен вкус, парчињата кекс се доста меки и ароматични, па ќе ви заштедат многу време ако ги користите при подготовка на ваков или некаков друг кекс или торта. Може да се употреби и пудинг со друг вкус, а наместо лешници може да се стават ореви, да се додаде суво грозје или брусница, кокос или нешто друго по вкус.