Испечати

Солен колач со мортадела и сирење

Солен колач со мортадела и сирење

Состојки

  • 250 гр брашно
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 3 јајца
  • 50 мл маслиново масло
  • 100мл млеко
  • 150 гр мортадела
  • 100гр бело овчо сирење
  • 50 гр биено сирење
  • 100гр зелени маслинки

Подготовка

Ова е многу ароматичен и вкусен колач.
1. Мортаделата се сецка на коцки, белото овчо сирење исто така, а биеното сирење се ренда. Маслинките се сецкаат на покрупни парчиња. Се заедно се меша.
2. Во друг сад се мешаат брашното, прашокот за печиво и солта. Сето ова со лесно мешање се додава во садот со мортаделата за парчињата убаво да се раздвојат и да се обложат со брашно.
3. Во сад со вилушка се матат јајцата, се додаваат маслото и млекото и се се турива во садот со мортадела и убаво се лажица се меша се додека не се добие лепливо тесто.
4. Долгнавесто калапче(25-11)се намастува и набрашнува, се турива тестото и се пече на 180 степени околу половина час. Најдобро да проверете со чепкалка дали е печен колачот.
Печениот колач се остава убаво да се излади и се сече и послужува.
На здравје!