Портокал куглоф со ружа локум
Состојки
- 4 јајца (2 јајца +2 жолчки+2 белки)
- 200 гр шеќер
- 1 пакетче портокал шеќер
- 100 мл масло
- 200 гр кисело млеко
- 1 портокал рендана кора
- 240 гр брашно
- 1 пакетче прашок за печење
- 100 гр ружа локум Дониа
Подготовка
2 јајца и 2 жолчки се матат со 150 гр шеќер. Му се додаваат етапно и останатите состојки за тестото. Се истура врз намастен клап за куглоф. Локумот се сечи на половинки или четвртинки, се валка во брашно и се става со благо притискање врз тестото. Се печи на 180С околу 35 мин . Печениот колач се вади од калапот да олади. Се матат двете белки со останатиот шеќер и се украсува одозгора колачот, па се враќа повторно во рерна да се потпечат белките. Овде има измени од оригиналот. Имено, во двоењето на белките на второто влета жолчката и се распрска, па никако немаше можност да се оддели. Така, колачот на сликава е всушност со 4 цели јајца, 6 лажици шеќер и 250 гр брашно во тестото, а одозгора е украсен со шлаг и желе.