Колач со локум, јаболка и брусница (посно)
Состојки
- 300 гр шеќер
- 250 мл масло
- 400 гр јаболка
- 2 ванилин шеќери
- 150 гр локум Дониа
- 50 гр брусница
- кора од 1 лимон
- 2 лажици мед
- 12 гр пециво
- 350 гр брашно
- 50 гр мелени бадеми
Подготовка
Ова е еден брзински подготвен колач кој е сладок, сочен и особено вкусен, што се гледа и по состојките што ги содржи. Подготовка 1. Јаболката ги лупиме и рендаме. Ги соединуваме со шеќерите и маслото. 2. Рендаме кора од лимон, ги додаваме сечканиот локум и брусница, промешуваме. 3. Пецивото го соединуваме со брашното и мелените бадеми и ги додаваме кон влажната смеса. 4. Промешуваме со лажица и целата смеса ја распоредуваме на намрсено и набрашнето тавче. 5. Печеме на 180-200 степени додека да ни поцрвени или пробуваме со чепкалка дали ни е готов колачот(треба да е сува). 6. Го ладиме и потоа го сечеме.