Испечати

Кукулички-Шишарки

Кукулички-Шишарки

Состојки

  • 3л какао
  • 100гр чоколадо
  • 100гр сусам
  • 5-6л мед
  • 800гр чоко попс или МБ житарки
  • 5л шеќер
  • 1 маргарин

Подготовка

Сусамот се печи во тенџере. Цело време се меша за да не изгори. Се додава маргаринот, чоколадото на коцки и после нив сите др состојки освен чоко попсот. Тој го тураме во поголема вангла и кога преливот ќе ни се стопи го полеваме со него и мешаме да се изедначи. Со обратната страна од цедалка за лимони правиме калапи, ги полниме со мало кафено лажиче и ги тресеме на рамна чинија.
На здравје!