Испечати

Салата со солени крекери и туна

Салата со солени крекери и туна

Состојки

  • 180 гр туна
  • 2 пакетчиња солени крекери рипчиња
  • 200 гр мајонез
  • 2 кисели краставички
  • 150 гр кашкавал
  • по потреба сол и бибер
  • 2 јајца

Подготовка

Јајцата сварете ги. Варените јајца изрендајте ги на ренде и измешајте со мајонезот, посолете, додајте црн пипер. Кашкавалот исто изрендајте го и измешајте со мајонез.
Земете чинија во која ќе ја редите салата, прво ставете од крекерите, врз нив јајцата со мајонезот, следно кисела краставичка рендана, врз краставицата ставете туна, после рендан кашкавал со мајонез, на крај ставете од крекерите рипчиња.
Оставете ја салатате во фрижидер 1 час. Врз салатата изрендајте варена жолчка. Украсете со зрна калинка.
Добар апетит!