Испечати

Тиквени мафини со јогурт и брусница

Тиквени мафини со јогурт и брусница

Состојки

  • 2 јајца
  • 2-4 лажици шеќер
  • 250мл јогурт
  • 3 лажици полни пире од тиква
  • 1 ванила
  • 75мл масло
  • 250гр брашно
  • 1 пециво
  • 1/2 лажиче цимет
  • 1/4 лажиче морско оревче
  • 1/4 лажиче сол
  • 50гр сува брусница
  • Шеќер во прав по потреба

Подготовка

Исклучително кревки, ароматични, сезонски мафини е мојот предлог денес.

Најпрво ја вариме тиквата, за да има време да се исцеди од течноста и да се излади.
Во вангличка ги ставаме јајцата, ванилата, шеќерот и матиме додека убаво не побелат.
Потоа со исклучен миксер ги додаваме маслото и јогуртот.
Промешуваме со жица.
Сега сите суви состојки ги соединуваме во еден сад и ги додаавме на претходната смеса.
Го додаваме и пирето од тиква.
Ја изедначуваме смесата.
Ја распоредуваме во 12 калапи за мафини, во кои има ставано алуминиумски кошнички.
На површината ставаме зрна брусница.
Печиме околу 25 минути на 180 с тепени.
Изладени ги посипуваме со шеќер во прав и ги послужуваме.

Забелешка- наместо брусница може да се користи суво грозје.