Мус со чоколадо и лешник
Состојки
- основа
- 250 гр. мелени какао бисквити
- 150 гр. растопен маргарин (од прилика)
- 1 филџан млеко
- мус
- 500 мл. слатка павлака
- 4 јајца
- 4 лажици шеќер
- прстофат сол
- 200 гр. чоколадо од лешник
- 10 мл. екстракт од чоколадо
- 3 банани
Подготовка
Еден превкусен десерт, кој гарантирано ќе ви се допадне.
Јас собирав канчиња од овошен јогурт, па ги искористив за правење форми.
* Бисквитите промешајте ги со маргаринот, потоа со млекото. Нанесете го првиот слој во канчињата.
* Разматете ја слатката павлака, ставете ја во фрижидер.
* Растопете го чоколадото.
* Жолчките со вилушка смешајте ги со шеќерот, потоа варете ги на пареа, додека не добиете крем. Тргнете ги од оган, разматете ги со миксер.
* Разматете ги белките на страна со прстофат сол.
* Размешајте ги жолчките со слатката павлака, па додадете ги белките. Поделете на три едни смеси.
* Во првата размешајте го чоколадото топено на пареа заедно со екстрактот од чоколадо, во втората згмечени банани, а третата оставете ја така.
* По тој редослед редете ги во канчињата. Оставете ги во фрижидер неколку часа.
Забелешка - доколку се решите да правите форми како мене, во делот со банани пожелно е да ставите желатин, за да не почне да се спласнува. За да ја скратите постапката, можете наједноставно во чашки да го ставате мусот.