Испечати

Бабини колачиња

Бабини колачиња

Состојки

  • Тесто
  • 150 мл. вода
  • 300 мл. масло
  • 1 пакетче пециво
  • половина пакетче сув квасец
  • 600 гр. брашно
  • Фил
  • 3 јаболка
  • 5 лажици шеќер
  • 1 пакетче ванилин шеќер

Подготовка

Прво го приготвуваме филот. Сите состојки се мешаат заедно и се пропржува додека јаболката да пуштат сокче. Го тргаме настрана да се излади. Маслото и водата ги ставаме во тенџере на оган да зовријат. Кога ќе зовријат ги тргаме настрана и ги оставаме 5 мин. да одморат.

Потоа ги додаваме квасецот и пецивото. Промешуваме со лажица и го додаваме брашното. Замесуваме тесто со средна мекост, од кое што правиме топчиња. Топчињата ги плескаме со рака и правиме мало дупче во кое што ставаме малку фил. Ги виткаме навнатре. Кога ќе ја завршиме подготовката, колачињата ги ставаме да се печат околу 15 мин. на 180 степени. Кога ќе се испечат и малку ќе одморат ги посипуваме со шеќер во прав.
Доколку сакате, колачињата можете да ги наполните со мармалад по избор или со еурокрем.