Смути со портокал, морков и маточина
Состојки
- 1 портокал
- 1 помал морков
- 1 лажица мед (или агаве сируп)
- 5 ливчиња свежа маточина
- вода по потреба
Подготовка
Се работи во големата чаша од Нутрибулетот.
Излупениот портокал се дели на кришки кои се ставаат во чашата.
Морковот се чисти, се сече на покрупни парчиња, се става во чашата, се додава медот и маточината. Во чашата се дотура вода до ознаката MAX, и се блендира неколку секунди.
Бидејќи свежата маточина има мирис и вкус на лимон, овојпат го изоставив.