Испечати

Брза цветна торта

Брза цветна торта

Состојки

  • 3 пандишпани
  • 2 банани
  • 2 пудинзи од чоколадо
  • 1 шлаг
  • 1 пакетче кокос
  • 1 л млеко
  • 1 зелена прехранбена боја
  • 2 пакетчиња пишкотии

Подготовка

Бидејќи обрвските не баш секогош дозволуваат доволно време за во кујна, еве една идеја за брза торта која со декорацијата изгледа како подолго време да е потрошено околу неа.

1. Двата пудинзи се спремаат наместо во 1 литар, во 800 мл. млеко за да биде погусто. Се остава да се лади.
2. Во еден сад се става кокосот и на него се додава прехрамбената боја. За да се подготви се става во вода (околи еден филџан) и се промешува да се добие зелен кокос. Веројатно би успеало и со сок од кива а може да се искористи зелен кокос.
3. Се спрема шлагот според инструкциите и на него малку се додава од зелената боја.
4. На убава даска се става првиот пандишпан и врз него се става исецкана една банана. Врз бананата се додава од изладениот пудинг. Истото се повторува и со вториот пандишпан.
5. Третиот пандишпан се премачкува со шлаг, и од страните за да може да се залепат пишкотиите. Се врзува украсната лента.
6. Од горе се посипува зелениот кокос и на него декоративните цветови и сл.