Испечати

Тирамису со сос од чоколада и црни боболки

 Тирамису со сос од чоколада и црни боболки

Состојки

  • Бисквит
  • 90 гр бисквити
  • 90 гр бисквити од какао
  • 20 гр маргарин или путер
  • За Филот
  • 90 гр пакување Тирамису
  • 200 мл млеко
  • 50 мл вода
  • 30 гр сос од црна боболка
  • за украсување
  • од 250 мл пет стаклени чаши
  • 13 чоколадни снегулки
  • 4 лешници

Подготовка

1. Земате две мали кеси за замрзнување. Во едната кеса ги ставате бисквитите со вкус на какао и ги гмечите со сукалка или со рака за да станат ситни. Во другата кеса ги ставате другите бисквити и ја повторувате истата постапка. Готовите бисквити посебно ги додавате во тањирчина.

2. Потоа го растопувате путерот/маргаринот и по 10 грама додавате во бисквитите од какао и др. бисквити и мешате со лажица. Потоа ги земате чашите и во секоја чаша турате по две големи лажици од бисквитите. Може да експериментирате како што имам јас направено, во две да ставите бисквити, а во другите две чаши да ставите бисквити од какао.

3. Во трите чаши кои се полни со бисквити истураме од чоколадниот прелив.

4. Во сад турате 50 мл. Вода и сосот од црни боболки и мешаме се додека не добиеме густа смеса. Потоа по две лажици пополека тураме во останатите две чаши од готовиот сос.

5. Во сад ставате 200 мл Млеко и Тирамису и матите се додека не добиете густа смеса. Потоа во секоја чаша пополека со долга лажица или шприц ги полните чашите со изматената смеса.

6. Потоа по три големи лажици истураме бисквити во чашите врз смесата во која претходно сни ставиле сос од црни боболки. А по три лажици од бисквитите од какао во чашите во кои претходно сте ставиле чоколаден прелив.

7. Повторно врз секоја чаша истурате од смесата што ви останала од Тирамисуто.

8. Врз три чаши со лажица истурате од сосот од црни боболки и ги ставате лешниците. А во др. две чаши ставате одозгора чоколаден прелив и од чоколадните снегулки.

9. Подготвените чаши ги оставате во фрижидер добро да се здрват и може да ги послужите после главното јадење.

П.С. Ова е моја идеја, но Вие може од овие состојки да си направите ваша комбинација за да се засладите.

Пријатно јадење!