Испечати

Пирошки

Пирошки

Состојки

  • смеса за палачинки 2 јајца
  • 150 гр брашно
  • 300 мл млеко
  • 1 лажичка сол
  • фил 200гр кашкавал рендан
  • 200 гр шунка ситно сецкана
  • 4-5 лажици мајонез
  • 3 кисели краставички рендани
  • за поховање брашно,презла и јајца по потреба

Подготовка

1. Ја приготвуваме смесата за палачинките. Се матат јајцата со солта се додава млекото и на крај брашното убаво се мати да се добие хомогена смеса
2. Ги печеме палачинките. Секоја палачинка ја филуваме ги превиткуваме краевите и виткаме во ролат. Кога ќе ги свиткаме сите палачинки ги поховаме прво во брашно па во јајце и во презла .
3. Во тава загреваме поголема количина зејтин и ги пржиме пирошките. Кога ќе поруменат се готови и ги вадиме на слфетки да се упие вишокот маснотија
Се служат топли (и ладни се вкусни)