Испечати

Тирамису јајцина

Тирамису јајцина

Состојки

  • За чоколадните јајцина
  • 9 мали балони
  • 400 гр темна чоколада за готвење
  • За филот
  • 1 пакување од 90 гр. Тирамису
  • 200 мл млеко
  • 100 гр сува брусница
  • 20 гр чоколадни кикиритки или лешници

Подготовка

1. Ги дуваме балоните не многу за да не ни пукнат кога ќе ги правиме чоколадните јајцина.

2. Над електричен шпоред ставате тенџере со вода да врие над него ставате длабок сад во кој треба да го стопите чоколадото. Откако ќе се стопи чоколадото садот го тргате на страна да олади да не биди многу топол бидејќи ќе ви пукаат балоните.

3. Во оладената чоколада брцкате балон по балон т.е секој балон го брцкате до половина и ги редите еден по еден во тепсија обложена со хартија за да се здрват.
Постапката ја повторувате се додека имате балони.

4. Тепсијата ја оставате на страна се додека чоколадата не се здрви убо.

5. За тоа време го подготвувате филот. Во сад го ставате млекото и Тирамисуто и го матите се додека не добиете густа смеса.

6. Откако чоколадните јајцина добро се оформиле, земаме игла за да ги дупниме балоните и да ги отстраниме од чоколадата. Балоните треба да се отстрануваат внимателно за да не се искрши чоколадата.

7. Готовите чоколадни јајцина ги полниме со сува брусница, по неколку зрна во секое. Во секое јајце ставаме од готовиот фил.
И врз филот одозгора украсуваме со чоколадни кикиритки.

8. Филованите чоколадни јајцина ги оставате во фрижидер да постојат околу 30 минути, а потоа може да се консумираат.

Совет: Може чоколадните јајцина да ги украсите и со чоколадните бомбони М & М !

П.С. Најмногу на овој десерт ќе ви се радуваат вашите деца.