Мешано желе
Состојки
- 750 мл Вода
- од 80 гр. три пакувања желе со различни вкусеви ( портокал, шумско овошје и банана)
- 100 гр свежо киви
- 100 гр свежи или замрзнати малини
- 100 гр свеж или конзервиран ананас
- од 200 мл шест стаклени чаши
Подготовка
1. Над електричен шпоред ставаме тенџере со околу 250 мл вода во која ја додаваме првата кеса желе со вкус на портокал и мешаме се додека не се згусни смесата.
2. Откако ќе се згусни смесата, тенџерето го тргаме од оган и смесата ја истураме во стаклени чаши и додаваме сецкано киви и потоа ги ставаме во фрижидер да се оладат.
3. Истата постапка ја повторуваме и со другите две кеси желе.
4. Откако сите смеси добро ќе бидат оладени може десертот да се конзумира.
П.С. Секоја смеса треба поединечно добро да е оладена за да може да го постигните овој изглед.
Брз, едноставен и освежителен десерт!