Испечати

Посни тартуфи со урми и бадеми

Посни тартуфи со урми и бадеми

Состојки

  • 200 гр сочни урми
  • 2 банани
  • 100 гр бадеми
  • 100 гр мелено ленено семе
  • малку цимет

Подготовка

Ова посно благо е вкусно и корисно посебно за луѓето кои имаат висок шеќер.

Приготвување 
1. Од урмите се вадат семките и заедно со една банана и бадемите се мелат на машинка за месо.
2. Потоа са додава цимет и 50 гр ленено семе и заедно се промешува. Смесата треба да биде не многу густа.
3. Другата банана ја сечеме на кругови од 1 см, кои се сечат на 4 парчиња.
4. Од смесата ги правиме сплеснати парчиња на кои ги ставаме по 1-2 парчиња банана, а потоа ја оформуваме тартуфи и ги валкаме во преостанатото ленено семе.

Вака приготвените тартуфи се стават во фрижидер да се стегнат.