Порцелански ванила цветови
Состојки
- 100 гр маргарин
- 100гр шеќер
- 2 јајца
- 350 гр брашно
- 1 лажица ванила екстрат
- 50 мл слатка павлака
- 1 лажичка сода бикарбона
- Глазура
- 200 гр шеќер во прав
- 1 белка
- малку прехрамбена боја
Подготовка
Прекрасни ванила цветови кои додека се печат низ целата куќа мириса како во слатакрница. Аромата на ванила е доминантна и уште долго време останува да се чуствува насекаде. Прв пат ги правев по овој рецепт и бев воодушевена. Не мора ни да се цртаат може само така да се грицкаат превкиусни се кога едно ќе пробате не можете да престанете. Топло ви ги препорачувам.
1. Маргаринот и шеќерот се матата пенасто и се додаваат јајцата едно по едно за се да се соедини
2. Се додава екстратот од ванила и слатката павлака и се мати со најмала брзина на миксерот
3. Брашното се просејува и во него се додава содата, па се додава во смесата и се замесува тесто
4. Тестото се витка во најлонска фолија и се остава да стои во фрижидер околу 2 часа
5. Рерната се загрева на 175 степени
6. Од тестото се развива кора и со модла се сечат цветови
7. Се реда на плех и се печат 10 минути треба да останат бели
Глазура
За белата глазура -белката се бие, но не многу цврсто се додава лимонот и шеќерот во прав
Се става во кесичка која малку се засекува на крајот.
Глазурата во боја се подготвува на истиот начин само што во блеката пред да се измати се става прехрамбената боја по избор
Откако кексите ќе оладат се цртаат. Најпрво се прекрива со белата глазура, па се капнува по една капка од глазурата во боја и со помош на чепкалка се разлева глазурата во боја врз белата глазура и се цртаат цветови по желба. Треба да се внимава да не се стврдни белата глазура затоа што не ќе може да се разлева и да се црта со глазурата во боја.
Во дополнителните фотографии се и други варијанти на украсување и цртање. Дозволете и на вашата креативност да дојде до израз.