Запечено мелено месо со црвена леќа
Состојки
- 4 страка млад кромид
- 4 страка младо лукче
- 1 пиперка
- 300гр, мелено месо (мешано)
- 1/2 чаша црвена леќа (чаша од 200мл)
- 100мл. доматен сос
- 1 лажица ворчестер
- по вкус сол и бибер
- зачини мајчина душичка, оригано, мешан зачин
- 3-4 средни компири
- 30гр, путер
- по вкус сол и бибер
- 1 јајце
Подготовка
Леќата е многу здрава да се конзумира, веќе знаеме, но дома воопшто не ја сакаме. Решив да пробам да камуфлирам со црвена леќа, а со оглед дека се вари многу кратко време е одлична за проба. Па камуфлажата испадна успешна, рецептот им се допадна =)
Се надевам ќе ви се допадне и вам.
1. Леќата ставете ја во малку посолена вода да се свари. Потребно е кратко време, 15-20мин. Прецедете ја и тргнете на страна.
2. Во еден сад на оган ставете ги компирите исецкани на парчиња да се варат.
3. Во друг сад до малку масло ставете ги ситно сецканите кромид и лукче да се пропржат. Кога ќе омекнат додадете ја и пиперката сецкана на коцки. Потоа додадете го меленото месо, нека се пропржи малку. На крај додадете ја леќата, доматниот сос и зачините. Оставете малку да прокрчка, 5-10мин.
4. Компирите згмечете ги со вилушка, додадете го путерот и промешајте да се растопи. (нека има и покрупни парчиња компир, да не биде како пире). Зачинете по вкус со сол и бибер.
5. Во садот во кој ќе печете ставете го прво месото па од горе распоредете го компирот. Премачкајте со изматено јајце (или ставете си реднан кашкавал) и ставете да се пече во претходно загреана рерна.
Со оглед дека се е веќе зготвено, потребно е кратко време колку да се запече компирот, 15-20 мин.
Послужете топло.
Пријатен апетит =)
* Количините се релативно мали, за 2-3 особи, бидејќи беше експериментално. Вие ќе си прилагодите според потребите.
* Официјално сум фан на црвена леќа, а за другава стандардна ќе ми треба уште некое време =)))
* Извинете што нема многу слики од процесот на подготовка, некако на брзање беше подготовката па се заборавив =)