Испечати

Запечени гурмански компири

Запечени гурмански компири

Состојки

  • 6 поголеми компири
  • 1 голема главица кромид
  • 250гр. свежи шампињони
  • 150гр. шунка
  • 130гр. чајна салама
  • 250гр. моцарела
  • 1 лажичка куркума
  • 1 лажичка оригано
  • по потреба маслиново масло, сол, црн бибер, путер

Подготовка

Рецептов излезе случајно, од се по нешто од фрижидер за да на крај имавме супер вкусен ручек.

Компирите излупете ги и ставете ги да се варат.
Откако ќе се сварат оставете ги убаво да се оладат, а потоа исечете ги на помали коцки.

Во тава на оган ставете маслиново масло.
Додајте го кромидот исечен на тенки кругови.
Посолете, налејте малку вода и оставете да се подзапржи.

Во друга тава на малку маслиново масло испржете ги шампињоните исечени на листови.

Во стаклен сад за печење(претходно премачкан со путер) ставете ги компирите.
Посолете ги, наросете црн бибер и посипете со куркума.
Одозгора ставете го кромидот, шунката исечена на коцки, чајната салама исто така исечена на мали коцки и шампињоните.
Најгоре нанесете ја моцарелата исечена на кругови.
Посипете со оригано и ставете да се пече на загреана рерна од 200 степени, 20 минути.

Послужете ги топли.
На здравје!