Јаготки во роза од карамела
Состојки
- 1 јаготка
- 6 млечни карамели
- малку бело чоколадо
Подготовка
Интересна и вкусна декорација.
Јаготката најпрво потопете ја во стопено бело чоколадо. Оставете ја се додека не се здрви чоколадото.
Карамелите омекнувајте ги во микробранова печка. Треба само неколку секунди, иначе се топат. Откако ќе омекне, скинете ја на половина и поставете ги парчињата меѓу две фолии. Поминете ги со сукало да се истенчат. Веднаш виткајте ги околу јаготката. Работете една по една карамела, затоа што брзо се здрвуваат.
Ставајте латици толку колку што е голема јаготката.