Видео рецепт: Азиски оброк за медал
Состојки
- 200 гр. басмати ориз
- 300 гр. јунешки рамстек
- 2 лажици густин (нишесте)
- половина главица кромид
- 1 чешне лукче
- една рака грашок
- половина морков
- перца од 2 млади кромидчиња
- 1 рака индиски ореви
- 1 јајце
- 1/4 дајкон
- 80 мл. вода
- соја сос
Фичо ќе подготви оброк, лесен и брз за подготовка, со состојки карактеристични за азиската кујна.
Подготовка
Чекор 1: Во сад за варење ставете го оризот да се свари. Не го преварувајте, сварете го ал денте.
Чекор 2: Додека се приготвува оризот месото исечете го на тенки парчиња. Наросете го со густин колку да ја впие влагата. Тргнете го месото на страна.
Чекор 3: Исечете го кромидот и лукот ситно и нив тргнете ги на страна. Морковот исецкајте го на тенки ленти и перцата од кромид исецкајте ги. Дајконот исто така исецкајте го . Сите зеленчуци, вклучувајќи го и грашакот оставете ги на страна додека да дојдат на ред за подготовка. Индиските ореви исецкајте ги рустично.
Чекор 4: Процедете го оризот.
Чекор 5: Во Вок тавата додадете малку масло, зеленчуците и месото. По две минути додадете го и грашакот. Додадете ја водата и динстајте. Тргнете ги на страна и во тавата додадете го оризот и јајцето. Мешајте убаво, а потоа додадете ги месото и зеленчуците. Мешајте на јака температура 2 минути и оброкот е готов. Додадете малку перца од млад кромид и соја сос.
Чекор 6: Сервирајте!
СОВЕТ: И не заборавај! На сите ни е потребна идеја во кујната... Затоа, доколку ти се допаѓа овој рецепт, биди вистински пријател и сподели!