Филуван кадаиф со јајца
Состојки
- 500 гр кадаиф
- 5 јајаца
- 5 лажици шеќер
- 200 гр мелени ореви
- 250 гр путер
- 1 пакетче ванила
- за шербет
- 1 кг шеќер
- 700 мл вода
- 1 лимон
Подготовка
1. Јајцата ги кршиме и ги делиме белките од жолчките. Белките го матиме со миксер заедно со шеќерот, потоа ги додаваме жолчките, ванилата, оревите и мешаме со лажица.
2. Путерот го топиме и со него премачкува тава бр. 36. Во тавата ставаме половина од кадаифот и попрскуваме со половина од путерот. Врз кадаифот го нанесуваме филот и попрскуваме со преостанатиот путер. Кадаифот печеме на 180 степени околу 30 минути и оставаме да се излади.
3. Шербет. Водата и шеќерот ги зовриваме, а лимонот го сечкаме на кругови. По 5 минути варење во шербетот го додаваме лимонот, промешуваме и оставаме да се излади. Со млакиот шербет го преливаме изладениот кадаиф. Во тавата ги нанесуваме и круговите лимон и оставаме кадаифот да го впие шербетот.