Чоколадни колачиња со боровинки
Состојки
- 60 гр путер
- 100 гр шеќер
- 3 јајца
- 200 гр чоколадо (со висок процент какао)
- 1 лажиче екстрат од ванила
- 80 гр брашно
- 1 и 1/2 лажица какао
- 1/4 лажиче пециво
- прстофат сол
- 100 гр сечкани ореви
- 100 гр суви боровинки
Подготовка
Најпрво оревите малку потпечете ги.
Путерот измиксајте го со шеќерот па додавајте ги јајцата едно по едно.
Потоа додајте го претходно стопеното чоколадо, ванилата, па сувите состојки кои претходно сте ги промешале.
На крајот додајте ги оревите и боровинките.
На плех прекриен со хартија ставајте со лажица од смесата.
Печете во загреана рерна на 180 степени, од 12-15 минути максимум.