Испечати

Мини хот дог

Мини хот дог

Состојки

  • 700 гр. брашно
  • 1 коцка свеж квасец
  • 1 лажица мед
  • 2 лажици путер
  • 2 лажички сол
  • 350 мл јогурт
  • 2 жолчки
  • 35 мини виршли
  • 50 гр. сода бикарбона

Подготовка

Брашното, квасецот, медот, путерот, солта и јогуртот се замесуваат во хомогено тесто.
Тестото се остава да стаса. Потоа се дели на 35 топчиња, се растегнува со помош на сукало и секоја мини виршла се витка во кифличка.
Во тенџере на шпоред се става 1л. вода со 50 гр. сода бикарбона да зоврие. Во зовриената вода се ставаат кифличките околу 30 секунди. Кога ќе испливаат на површината се вадат од тенџерето, се редат во добро подмачкано тавче и се мачкаат со жолчка. Одозгора се става по желба, крупна сол, сусам ...
Се печат 15-20 мин. на 200 степени.