Испечати

Лиснати мини пици со пилешко филе

Лиснати мини пици со пилешко филе

Состојки

  • 700гр. бело брашно
  • 1/2 пакетче пресен квасец
  • 1 лажичка сол
  • 250гр. маргарин
  • 200мл. јогурт
  • 1 јајце
  • за фил
  • 250гр. парчиња пилешко филе
  • 150гр. рендан кашкавал
  • кечап,оригано по вкус
  • 1 јајце

Подготовка

Во сад најпрво го ставаме квасецот да надојди. Кога ќе надојди ги додаваме брашното, јајцето, солта и постепено го додаваме јогуртот и месиме се додека не добиеме меко тесто.
Добиеното тесто го делиме на 6 делови и секој дел го расукуваме во правоаголна форма и го премачкуваме со маргарин.
Деловите ги ставаме еден врз друг, не го премачкуваме само најгорниот дел.
Вака направените теста ги оставаме во замрзнувач 40 минути.
Кога ќе ги извадиме од фрижидер,од нив расукуваме една тркалезна форма и повторно ја премачкуваме со маргарин ја премачкуваме со кечап и оригано и ги нанесуваме прво целите парчиња филе и врз нив кашкавалот.
Виткаме ролат и потоа ролатот го сечиме на парчиња.
Секое парче го редиме во намрсен плех и го премачкуваме со јајце.
Печиме на 150 степени околу 15 минути.