Испечати

Десерт изненадување со цветна декорација

Десерт изненадување со цветна декорација

Состојки

  • 100 гр. црно чоколадо
  • 100 гр. бело чоколадо
  • 100 мл. млеко и еден ред црно чоколадо
  • 1 лента мачмалоу
  • 100 гр. црно чоколадо (за декорација)
  • 1 парче цимет колаче

Подготовка

Идејата за да го направам овој десерт изненадување произлезе од празникот на жените кој се наближува.
Белото чоколадо се растопува, се става во калапче во форма на срце и се остава половина час да се излади. Истата постапка е и со црното чоколадо.
Срцињата се вадат од калапите и им се сече долниот дел со загреан нож.
Јас во овој рецепт го користев белото срце.
На чинија се става по ваш избор колаче ( јас употребив цимет колаче кое го потопив во чоколадо и го извалкав во ситно мелени ореви).
Цветовите ги направив со помош на мачмалоу (долги извиткани ленти кои ги има во нашите маркети), така што исеков парче од мачмалоуто и го засеков четири пати внимателно не до крај, потоа секое парче го подзавртев, го сплеснав и добив преубави цветови кои ме потсетуваат на расцветани бадемови дрвца.
Декорациите од чоколадо ги направив во вид на гранки каде што ги наредив цветчињата и на крај највозбудливиот момент колачето кое беше во чинијата (одозгора го украсив со цвет од расцветан бадем), го покрив со пресеченото срце, загреав околу 100 мл. млеко со еден ред црно чоколадо и така врело го посипав врз срцето кое почна да се топи, се отвори како латици од лале, а внатре беше изненадувањето за мојата мајка.