Испечати

Виенски компир

Виенски компир

Состојки

  • 1 кг компири
  • 4 јајца
  • 3 лажици путер
  • 150 гр кашкавал
  • малку мелен ким
  • малку мајоран
  • по вкус црн бибер
  • по вкус сол
  • 200 мл кисела павлака

Подготовка

1. Компирите се сечат на кругови и се варат во солена вода
2. Се ставаат во тава за печење се додаваат зачините бибер, мајоран, ким и путерот и се промешуваат
3. Откако компирите малку ќе потпечат се реди кашкавалот на парчиња, но може и да се наренда
4. Тавата се враќа во рерната и се остава неколку минути колку да се растопи кашкавалот
5. Во сад се матат јајцата и се додава павлаката се меша да се соедини
6. Се вади од рерна и се тура смесата со јајцата
7. Се става да се пече на 200 степени уште неколку минуtи да добие убава боја
Виенскиот компир може да се сервира како прилог со парче месо