Испечати

Коцки од пченкарно брашно и грав

Коцки од пченкарно брашно и грав

Состојки

  • 200 гр грав
  • 1/4 главица кромид
  • 700 мл вода
  • 500-600 гр (потребно) пченкано брашно
  • 150 мл масло
  • половина лажица сол
  • 600 мл вода

Подготовка

Крцкави коцки со пченкано брашно и грав. Лесни за подготовка, а вкусни за обожавателите на пченканото брашно.
Подготовка
1. Во тенџере на оган ставете го гравот и претходно исецканиот кромид на ситни коцки, па додајте вода околу 700 мл и оставете гравот да вари на среден оган. Можеби ќе треба постепено да додадете по малку врела вода се додека гравот да се свари (зрното да омекне).
2. Откако гравот ќе се свари течноста исцедете ја во друго поголемо тенџере и додајте вода се додека течноста да стане 600 мл (претходно измерете, па ставете ги во тенџерето).
3. Во тенџерето со водата дојдате го сварениот грав, маслото и солта. Откако ќе почне да врие некој со лажица нека ви додава од пченканото брашно, а вие постојано мешајте (тепајте) додека да добиете тврдо тесто.
4.Тестото со рака распоредете го подеднавко во калап број 28-30 кој претходно сте го намрсиле со масло. Со лажица може да и направите неколку црти на површината како на дополнителната фотографија.
5. Калапот ставете го во претходно загреана рерна од 200С – 50 мин . Откако ќе се испече оставете го уште 10 минути во искучена рерна.
6. Откако ќе се испече оставете го малу да олади, па исечете го на коцки и сервирајте.Добар апетит.

Совет
Со ова предјадење на трпезата ви предлагам јогурт или ајран.

Забелешка
Можеби количината на пченкарно брашно нема да ви биде доволно, за секој случај вие имајте и малку повеќе бидејќи се додава се додека да се добие тврдо тесто.