Векна во парчиња
Состојки
- Тесто
- 300гр. брашно
- 50гр. рендано грана сирење
- 15гр. свеж квасец
- 90мл. млеко
- 1 лажичка шеќер
- 125мл јогурт
- 1 јајце
- 1/2 лажичка сол
- За премачкување и посипување
- по потреба маслиново масло, грана сирење, афион
Подготовка
Млекото стоплете го и во него растворете го шеќерот и квасецот.
Во подлабок сад измешајте ги брашното и грана сирењето.
Додајте го растворениот квасец, јогуртот, разматеното јајце и солта.
Замесете тесто и оставете го да стаса.
Откако ќе стаса расукајте правоаголна кора со дебелина од 5 мм.
Премачкајте ја со маслиново масло и посипете ја со грана и афион.
Исечете ја кората на правоаголници.
Калапот за векна обложете го со хартија.
Наредете ги парчињата тесто, премачкајте ги со маслиново масло и оставете да стасува 1 час на топло.
Печете на 200 степени, околу 20 минути.