Испечати

Лепче со тиква

Лепче со тиква

Состојки

  • 500 гр брашно
  • 150 гр пире од тиква
  • 1 коцка свеж квасец
  • 1 лажиче шеќер
  • 1 лажиче сол
  • 2 лажици маслиново масло
  • по потреба топла вода

Подготовка

1. Квасецот се раствора во малку млака, вода, шеќер и 1 лажиче брашно и се остава да надојди

2. Во длабок сад се става брашното и се додава квасецот, пирето од тиква, маслото и солта

3. Постепено се додава млака вода и се меша со дрвена лажица, тестото треба да биде мекано и лепливо

4. Се премачкува со масло и се остава во садот да стои се додека не надојди

5. На плех за печење се става брашно и се истура тестото врз брашното, не треба да се меси тоа само ќе се разлее врз плехот може само малку да се обликува со брашно и најгоре се побрашнува

6. Лепчето треба да виде високо 4-5 см.

7. На горната површина може да се расече со нож, но не многу длабоко само површински

8. Се печи на 180 степени додека не добие убава боја

9. Се вади од плехот и се покрива со кујнска крпа и се остава да се излади.