Испечати

Овошен рум - коктел

Овошен рум - коктел

Состојки

  • За тегла од 3 кг
  • 1 чаша (250 мл) рум
  • неколку чаши шеќер
  • неколку чаши овошје по избор

Подготовка

Земаме тегла од 3 кг. Најпрво во теглата тураме 1 чаша ситно сецкано овошје ( круши, јаболка, дуњи, боровинки, цреши, вишни, јагоди, аронија, малини, капинки, не се става банана, мандарини, портокали, праска, кајсија, слива), потоа над овошјето се тура една чаша шеќер и продолжуваме повторно со овошје, па шеќер, се додека не се наполни теглата. На крај тураме една чаша рум и промешуваме. Оставаме да постои 1-2 дена, со повремено мешање и може да се пие. Како што се троши коктелот може да се додава овошје и шеќер по вкус, најдобро е пола чаша, ама може и цела