Испечати

Погача со јајца и јогурт

Погача со јајца и јогурт

Состојки

  • 4 јајца
  • 200 мл масло
  • 1/2 л јогурт
  • 1 лажиче сол
  • 1 лажиче шеќер
  • 1 кг брашно (+100 гр)
  • 100 гр маргарин
  • 200 гр сирење
  • 1 свеж квасец

Подготовка

Растворете го квасецот во јогуртот, додајте го шеќерот и оставете го некоја минута да се активира. Потоа додајте ги јацата, маслото, солта и постепено брашното. Можеби ќе ви треба повеќе од 1 кг брашно, ќе покажи самото тесто, тоа на крајот треба да е меко, ама не лепливо. Убаво измесете го и оставете го да одмори петнаесетина минути.
Потоа расучете голема кора која ќе ја премачкате со маргаринот. Наросете го сирењето и свиткајте ролат. Исечете го на парчиња и нив наредете ги во некоја длабока тепсија или тенџере кое претходно сте го намачкале со маргарин.
Нека скисни убаво па премачкајте ја погачата со јајце и наросете ја со сусам. Печете во загреана рерна на 200 степени првите 20 минути, па намалете ја температурата на 180 и печете додека убаво не зарумени.