Испечати

Пијана црна торта

Пијана црна торта

Состојки

  • Тесто
  • 2 шољи брашно
  • 1 и пол шоља шеќер
  • 2 шољи јогурт
  • 2 лажички сода бикарбона
  • 2 лажици какао
  • 1/2 шоља масло
  • Прелив
  • 8 лажици шеќер
  • 10 лажици млеко
  • 100 гр маргарин
  • 100 гр чоколадо
  • 2 лажици рум

Подготовка

Има црнец без јајца, еве ја и пијаната црнкиња. Вкусен, брз и сочен колач.

Се мешаат сите состојки во длабока вангла со дрвена лажица. Се истура смесата во тава бр 26. Се печи во загреана рерна на 250С-20мин.

Прелив
Од сите состојки се вари кремот на тивко. На крајот се додава румот и се прелива оладениот и исечен на коцки колач. На здравје.