Катаеф - Арапски палачинки
Состојки
- Тесто
- 1 чаша брашно
- 1 чаша млеко
- 1/2 чаша вода
- 1 лажица шеќер
- 1 лажичка сув квасец
- 1/2 лажичка пециво
- Крем
- 500 мл млеко
- 1 пудинг од ванила
- 6 лажици шеќер
- 1 шлаг крем
- 100мл млеко
- мелени ореви
Подготовка
Сакам да истражувам нови рецепти. Еве еден многу интересен рецепт.
Се прави најпрво кашата. Се мешаат сите состојки со миксер и се остава да се одмири 20 мин. Се пржат мали палачинки големина колку една тацна од кафе. Се пржи на малку подмачкана тава со масло и тоа од едната страна. Се тргаат настрана и се покриваат со платнена крпа. Потоа кога се филуваат се притискаат со прстите да се формира како фишек.
Крем
- Се вари пудингот со шеќерот и млекото. Се остава да се олади. Се мати шлагот и се меша заедно со оладениот пудинг. Се филуваат палачинките и се наросува со ореви,бадеми ...На здравје!!!