Испечати

Пастичо од талјатели, зеленчук и пршута

Пастичо од талјатели, зеленчук и пршута

Состојки

  • 400гр. талјатели
  • 230гр. грашок
  • 120гр. пршута
  • 350гр. свежи шампињони
  • 1 морков
  • 1 главица кромид
  • 1 средно по големина стебленце целер
  • по потреба маслиново масло, сол, бибер
  • Бешамел
  • 800мл. млеко
  • 50гр. путер
  • 50гр. брашно
  • 3 јајца
  • 3 лажици рендано грана сирење
  • малку морско оревче, црн бибер, сол

Подготовка

Во тава на оган ставете маслиново масло.
Додајте го сецканиот кромид, целер и ренданиот морков.
Откако малку ќе се запржат додајте ги печурките исечени на листови.
Оставете да се пржат на среден оган 10 минути.
Потоа додајте го грашокот и пршутата исечена на коцки.
Посолете и наросете црн бибер.
Оставете да се готви уште 5 минути.

Бешамел
Во касерола ставете го путерот да се растопи.
Додајте го брашното.
Откако брашното ќе се запржи додајте го загреаното млеко и мешајте додека се згусти.
Додајте го грана сирењето, малку морско оревче, црн бибер и сол. Измешајте и оставете да се олади.

Скршете ги јајцата и оделете ги жолчките од белките.
Белките изматете ги во цврст снег и додајте ги во оладениот бешамел.
Мешајте внимателно во еден правец од долу према горе.

Талјателите ставете ги да се варат во поголема количина солена зовриена вода.
Не ги оставајте да се доварат до крај.
Исцедете ги и префрлете ги во поголем сад.
Додајте го бешамелот, со вилушка изматените жолчки и испржениот зеленчук.
Измешајте убаво и префрлете ја смесата во стаклен сад премачкан со путер.

Посипете со грана сирење и ставете да се печат во загреана рерна на 180 степени, 20 минути.