Испечати

Експрес погача

Експрес погача

Состојки

  • фил 150 гр сирење, 1 јајце и 3 лажици павлака
  • 200 мл млеко
  • 1 лажичка сол
  • 1 јајце
  • 1 квасец
  • 1 лажичка пециво
  • 50 мл јогурт
  • 450 гр брашно
  • 20гр маргарин

Подготовка

Подготовка
1. Млекото се загрева заедно со маргаринот и квасецот. Брашното се промешува со солта и пецивото. На средина направете дупка и додадете го млекото со квасецот и маргаринот,додадете ги и јогуртот и јајцето. Се меси тесто кое не се лепи.
2. Без да се чека да стасува се сука кора и се премачкува со филот (состојките за филот убаво промешани) и се витка во ролат. Кога ќе го свиткате ролатот спојте го во круг и ставете го во плех премачкан со зејтин.(јас го печев во тенџере)
Краевите убаво спојте ги малку стиснете ги да не се отвори при печење (затоа го печев во тенџере)
Премачкајте го со жолчка и посипете со сусам по желба може да се стави и малку маргарин одозгора ама и не мора и ставете во релна на 200 степени да се пече 20-25мин. Кога е готово извадете го од релна и покријте го со крпа.

Не треба да стасува се пече одма кога ќе се направи. И квасецот не треба да стасува само се раствара во топло млеко и одма се сипува во брашното.
Ако се пече во плех излегува како куглоф, следниот пат ќе го печам така и ќе додадам слика да видите како изгледа

Оваа погача може да ја направите и посна без јајце и наместо овој фил да ставите фил од посен кашкавал или посна (растителна ) урда,Со соја трошки убаво испржени со кромид и зачини