Испечати

Гибаница со мелено месо и пиво

Гибаница со мелено месо и пиво

Состојки

  • 500гр. кори за пита
  • За фил
  • 500гр. мелено месо
  • 1 главица со средна големина кромид
  • 1 со средна големина компир
  • по потреба зачини (мешан сув зеленчук, црна пипер, сол)
  • по потреба масло
  • За прелив
  • 4 јајца
  • 250 мл. пиво

Подготовка

Најпрво го подготвуваме филот.
Ситно ја сецкаме главицата кромид, ја пропржуваме на плитка мрснотија, додаваме малку сол. Го додаваме месото. И него го пржиме додека промени боја. Зачинуваме со зачините.Ја тргаме тавата од оган и го додаваме ренданиот (на ситната страна од рендето) компир.Убаво изедначуваме.

Подготвуваме-намрсуваме правоаголна тава бр.40 или јас овој пат користев со големина на корите и немаше потреба по малку да ги завиткувам кон средина.Дојде малку пониска, но мене не ми менува ништо.Вие како мислите.
Отвораме една кора ја премачкуваме со масло со помош на четка низ цела површина.Ставаме втора кора, исто намрсуваме.Ставаме и трета кора, ја повторуваме постапката.Е сега на четвртата ставаме од филот низ цела површина.
Постапката ја повторуваме уште 3 пати.Само што последниот пат не ставаме фил, туку се завршува со 4 кори.Значи фил имаме 3 пати.

За преливот ги матиме јајцата со вилушка, го додаваме пивото, убаво изедначуваме.

Ја сечеме гибаницата и ја полеваме рамномерно низ цела површина со веќе подготвениот прелив. Оставаме 15 на минути да се впие течноста.Наросуваме малку со сусам.

Ја ставаме гибаницата да се пече во претходно загреана рерна за време од околу 40 мин. на 200 степени или зависно од вашата рерна.
На здравје!