Испечати

Мафин лепчиња со семки

Мафин лепчиња со семки

Состојки

  • 550-600гр. брашно
  • 1/2 коцка квасец
  • 100мл. млака вода
  • 150мл. јогурт
  • 3-4 лажици масло
  • 1 лажица потпечен сусам
  • 1/2 лажица потпечен ким
  • 3 лажици потпечен сончоглед
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 2-3 лажици растопен путер за премачкување

Подготовка

Интересни вкусни лепчиња, едноставни за подготовка и практични.

1. Квасецот растворете го во млаката вода со 1 лажичка шеќер и малку брашно и оставете да стаса.
Во садот во кој ќе месите додадете го брашното, солта по краевите, потпечените семки и маслото. Додадете го стасаниот квасец и јогуртот и замесете меко нелепливо тесто. Кога е убаво измесено, покријте со крпа и ставете на топло да стаса.

2. Калапот за мафини намрсете го со малку путер.
Кога тестото е стасано поделете го на 12 еднакви делови, формирајте топчиња и ставете ги во калапот. Повторно оставете да стасуваат на топло.
Рерната загрејте ја на 250С. Пред да ги ставите да се печат премачкајте ги со малку растопен путер и посолете со крупна сол или некој зачин по избор. Ставете да се печат околу 30-35мин. (или додека чепкалката не излезе сува), по потреба покријте ги да не загорат.
Кога се готови, извадете ги топли премачкајте ги уште еднаш со растопен путер. Оставете да се изладат, не ги покривајте.

Пријатен апетит =)

*Тестото е неутрално, па доколку не ги посолите од горе може да ги јадете и со нешто слатко.