Испечати

Ароматични медењаци

 Ароматични медењаци

Состојки

  • 250 гр путер или маргарин
  • 1 шоља шеќер
  • 3 јајца
  • 200 гр мед
  • 1 кг брашно
  • 1 лажиче сода бикарбона
  • 1 лажиче цимет
  • Малку кардамон
  • Малку анасон
  • Малку ѓумбир
  • Малку каранфилче мелено
  • Малку морско оревче
  • За премачкување
  • 1 јајце
  • 50 гр шеќер во гранули

Подготовка

1. Маргаринот и шеќерот се мати со миксер
2. Се додаваат јајцата, медот, содата и сите зечини, се меша да се соединат состојките
3. Се додава брашното
4. Се меси тесто
5. Се развива кора со дебелина 1 см
6. Се сечат форми со чаша
7. Медењаците се редат во плех обложен со хартија за печење
8. Се премачкуваат со јајце и се поросуваат со шеќер во гранули
9. Се печат во загреана рерна 15-20 минути на 180 степени

Сите зачини треба да бидат мелени
Не се плашете ако тестото ви изгледа суво и тврдо само продолжете со месење и ќе се добие убаво тесто од кое ќе можите да направите кора