Старинска медена пита со печени ореви
Состојки
- ТЕСТО
- 100гр свинска маст
- 1 јајце
- 2 лажици мед
- 1/2 лажиче бел оцет
- 1/2 лажиче сода бикарбона
- 250-270гр брашно
- кора од лимон
- фил
- 300гр потпечени ореви
- 2 лажици мармалад-погуст( сливи)
- 1/4 лажиче цимет
- 4 јајца
- 3 лажици мед
- 1 лажиче ракија или рум
Подготовка
Преубава, вкусна медена пита, по рецепт на Виолета.
Пробајте ја.
Прво во загреана рерна се потпекуваат оревите.
Нека се изладат, па им се отстранува лушпата со триење меѓу рацете.
Се мелат.
Сега се припрема тестото.
На тивок оган нека се растопат салото и медот.
Потоа се ставаат во вангличка, се додава јајцето и постепено брашно сода, кора од лимон, оцет.
Се замесува не лепливо тесто.
Во зависност од големината на лажиците и јајцето, може ќе треба уште 20-30 гр брашно.
Се дели на 2 дела.
Се сучат 2 танки кори, со големина на мала ростер тава 20х30.
Ако ви е полесно може да се исучи на хартија за печење, па полесно да се пренеси во тавата.
Дното на ростер тават малку го премачкуваме со путер,
Ја ставаме првата кора.
Сега го спремаме филот.
Прво ги делиме белките од жолчките.
Од белките матиме цврст снег и додаваме една по една жолчка.
Го додаваме медот, циметот, оревите, мармаладот, ракијата и со шпатула убаво промешуваме.
Го ставаме филот на веќе поставената кора во тавата.
Одозгора внимателно ја поставуваме и втората кора.
Ставаме во загреана рерна на 190 степени да се печи околу 25 минути или додека не добие убава златна боја.
Убаво нека се излади и се сече на штангли.
Уживајте во овој прекрасен вкус.