Испечати

Штрудла со круши и јаболка

Штрудла со круши и јаболка

Состојки

  • 500 гр свежи кори
  • 2 круши
  • 4 јаболка (грин смит)
  • 300 гр ореви
  • 1 лажица мед (или по желба)
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 1 портокал
  • 15 гр цимет шеќер
  • 200 мл минерална вода
  • 100 мл масло
  • 1 прашок за печиво
  • по желба шеќер во прав

Подготовка

1. Подготовка на фил
Во тенџере на оган се ставаат ренданите круши и јаболка и откако ќе се загреат, во тенџерето се додаваат рендана кора од портокал, 1 лажица мед (или по желба), екстракт од ванила, цимет шеќер и мелени ореви. Се заедно се меша и филот се трга од оган.

2. Во подлабок сад се ставаат 200 мл минерална вода, 100 мл масло и 1 прашок за печиво и убаво се мешаат со лажица.

3. Со така подготвената мешавина се премачкува секоја кора. Се ставаат две кори една врз друга а врз нив се става од претходно подготвениот фил и се виткаат во ролни.

4. Постапката се повторува додека не се потрошат сите кори.

5. Подготвениоте ролни се ставаат во плех премачкан со масло и се сечат на парчиња со големина по желба.

6. Штрудлите се печат 15-20 минути на 180 степени. Додека се уште топли се наросуваат со шеќер во прав и сецкани ореви.

* Во филот може да се стави повеќе мед или шеќер, јас ставив само 1 лажица бидејќи не сакав да биде многу благ.